Ѓоковиќ лесно го совлада Надал на Олимпските игри

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми го доби дуелот против Рафаел Надал на Олимписките игри во Париз (2:0).



Во првиот сет, Србинот беше убедлив и го доби со 6:1.

Вториот сет почна со четири врзани гема на Ѓоковиќ, Надал се врати израмнувајќи на 4:4, но до крајот српскиот тенисер успеа да дојде до 6:4 за конечен триумф.

Сега меѓусебниот биланс на двајцата тениски великани е 31:29 за Ѓоковиќ.