УНИ Банка за шест месеци вработените ги награди со пола милион евра повеќе од лани

УНИ Банка има подобро деловно полугодие (јануари – јуни) годинава во споредба со истиот период лани. Со тоа оваа банка го продолжува трендот на раст на бизнисот и подобрување на пазарната позиција, покажуваат финансиските податоци за првите шест месеци годинава достапни на СЕИ НЕТ сервисот на Македонската берза.



Нето приходите од камати остануваат да бидат најголема приходна ставка и тие се поголеми за половина милион евра од истиот период лани. На крајот на јуни од нето приходи од камати УНИ Банка остварила 9,73 милиони евра.

Од втората најголема приходна ставка која се однесува на провизиите и надоместоците од банкарски услуги банката остварила приход од 2,21 милиони евра за шест месеци. Тоа е за 263.000 евра помалку во споредба со истиот период лани. Намалувањето веројатно значи дека банката ја зголемува својата лојалност кон коминтентите и деловните партнери и тоа во услови кога поголем дел од конкуренцијата ги зголемува цените на овие услуги. Од деловен аспект гледано ова е рационален потег што ја зголемува довербата и лојалноста на клиентите.

Нето приходите од курсни разлики изнесуваат околу 400.000 евра и се на исто ниво како и лани. Значајно зголемување има кај останатите приходи од дејноста кои изнесуваат над 600.000 евра и се за 147.000 евра повисоки од истиот период во претходната година.

Вредна за истакнување, од анализата на податоците, е грижата на банката за нејзините вработени. За првите шест месеци банката за вработените издвоила 4 милиони евра. Тоа значи дека годинава за задоволни вработени банката издвоила половина милион евра повеќе од лани.

Линк до целиот текст:

Извор: Фактор.мк