Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека не постојат никакви несогласувања во однос на иницијативата на формирање на Албанска Академија на науките и уметностите и дека тоа било програмска определба.



„Секогаш идеите кои се за наука и за уметност се добри и убави, така да засега има иницијатива од четири општини, и јас се надевам дека ќе изнајдеме решение кое ќе биде прифатливо за сите кои живееме во Македонија“, изјави Таравари кој кажа дека со оваа инцијатива никако се нема цел науката да се етнизира.

„Никогаш науката не се етнизира, тамам работа.

„Ние имаме повеќе Универзитети, ќе имаме повеќе институции кои занимаваат со наука и уметност и треба да ги развиваме и да ги поддржуваме овие институции. Да дадеме максимум сите од себе што повеќе науката и уметноста на сите етнички заедници да се развиваат што подобро во земјава“, кажа Таравари, пренесува ТВ21