По пребројувањето на 80 отсто од гласовите, актуелниот претседател Мадуро освоил 51,20 отсто од гласовите, наспроти 44,02 отсто за неговиот главен ривал.



Опозицијата на Венецуела обвини за „широко распространета измама со пребројувањето на гласовите“ и вети дека ќе ги оспори резултатите.

Опозицијата се обедини зад кандидатот Едмундо Гонзалес за да се обиде да го собори Мадуро кој е 11 години на власт.

Пред изборите, анкетите на јавното мислење му дана Гонзалес големо водство пред Мадуро.

Многу гласачи рекоа дека сакаат промени по 25 години од социјалистичката партија на власт – прво под покојниот претседател Хуго Чавез, а по неговата смрт, под Николас Мадуро.