Бугарскиот претседател Румен Радев денеска на пладне ќе го врачи третиот и последен мандат за формирање влада на партијата „Има таков народ ” (ИТН).
Потсетуваме дека третиот мандат се смета за „спасителен“ и нема рок.
Ова ќе овозможи да се одложи распуштањето на парламентот во првата недела од август и со тоа да се избегнат избори на крајот на летото.
На 18 јули, лидерот на ИТН, Слави Трифонов, побара претседателот да му го довери третиот мандат откако во претходните два обиди – на ГЕРБ и на партијата „Продолжуваме со промената“ – не успеаја да обезбедат поддршка во парламентот за состав на влада.
„Најлогично е претседателот Румен Радев да го додели третиот мандат на „Има таков народ“, бидејќи ние сме единствените во овој парламент што можеме да разговараме со сите останати пратенички групи“, напиша лидерот на ИТН на Фејсбук.
ИТН пролетва го доби мандатот за формирање влада- во март годинава но веднаш го врати.
Ако ИТН го добие третиот мандат, ќе ги повикаат сите партии да разговараат за експертска влада.






