Помор на риби и на друг животински свет утрово се случил во реката Вардар во близината на Градско, откако пукнала браната „Биогас“, која се наоѓа на езерцето на Бигоасната централа, јави МИА
ЗСР Бабуна од Велес била известени од својата рибочуварска служба во Градско, која направила увид и утврдила дека поморот е предизвикан од пукање на браната.
„Кога се излеало езерцето, водата со фекелиите поминала под мостот на патот Велес – Градско, оттаму преку нива дирекно во реката Вардар по што е предизвикан поморот“, појасни Даниел Наумоски од ЗСР Бабуна за МИА.






