„Постои промена која не е видена 500 години. Она со што се соочуваме е всушност промена на светскиот поредок. Во наредните долги децении, можеби и векови, Азија ќе биде доминантен центар на светот – изјави унгарскиот премиер Виктор, на митинг во романскиот град Баиле Туснад каде живее унгарско малцинство, пренесе  Ројтерс.



Тој притоа алудирајќи на Индија, Кина, Пакистан и Индонезија како идни големи светски сили.

Тој порача дека Украина никогаш нема да стане членка на НАТО и на ЕУ бидејќи Европејците немаат пари за такво нешто. Орбан се сомнева дека земјата разурната од војна ќе стане или членка на НАТО или на ЕУ.

„ Ние Европејците немаме пари за тоа. Украина ќе се врати на позицијата на тампон држава – рече тој, додавајќи дека меѓународните безбедносни гаранции „ќе бидат вклучени во договорот меѓу САД и Русија“.

„Европската Унија треба да се откаже од својот идентитет како политички проект и да се трансформира во економски и во одбранбен“, заклучи Орбан.

Орбан, исто така, тврдеше дека САД стојат зад експлозиите во 2022 година што ги оштетија гасоводите „Северен тек“ изградени за транспорт на гас од Русија до Германија, нарекувајќи го „терористички чин што беше јасно насочен од Американците“.

Орбан рече дека за разлика од „слабостите“ на Западот, позицијата на Русија во глобалните работи е разумна и предвидлива, велејќи дека земјата покажала економска флексибилност во прилагодување кон западните санкции.