Екс министер на ДУИ се соочува со затворска казна до 10 години

Екс министерот за економија од ДУИ Крешник Бектеши се соочува со максимална затворска казна од 10 години.



Бектеши минатата недела добил кривична пријава за дело Попречување на правдата согласно ставот 5 од Член 368-a од Кривичниот законик.

Според кривичната пријава Бектеши се обидел да ја попречи правдата во случај поврзан со лице кое се гонело по член 149 од Кривичниот законик и по член 190 од изборниот законик.

Бектеши е осомничен дека се обидел да се заканува со цел да влијае врз службено лице да не ги спроведува законите за што следува затворска казна од една до 10 години затвор.

(5) Тој што со сила, сериозна закана или со ветување, нудење или давање некаква корист ќе влијае врз судија, јавен обвинител или друго службено лице или адвокат да презема или да не презема со закон предвидени дејствија во постапка пред суд или друг орган надлежен за водење постапка уредена со закон спротивно на неговата службена или адвокатска должност и овластувања, или ќе го спречува во вршењето такви дејствија,
ќе се казни со затвор од една до десет години.

Минатата недела од СВР Охрид поднесле кривична пријава против К.Б.(39) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.

Според кривичната пријава на 07.05.2024, само еден ден пред парламентарните избори пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик.

Сега на потег е Јавното обвинителство во Охрид кое треба да го истражи случајот со цел процесирање на кривичната пријава.

Минатата недела како што објави expres.mk ДУИ кривичната пријава ја оцени како политички реваншизам.

Вознемиреност во Мала Речица, екс министер на ДУИ добил кривична пријава

Најчитани статии

Македонија приклештена во дипломатските игри на големите сили

Моќна членка на Советот за безбедност на ОН врши силен притисок врз Македонија

Откако христијанскиот свет беше шокиран од бласфемијата и алузиите на Тајната вечера

Богохулие и декаденција – Директорот на Канал 5 бара олимписки дисциплини: Скок на стап и исфрлување во далечина

Целиот член од Кривичниот законик кој го регулира феноменот на спречување на правдата:

Попречување на правдата
Член 368-a
(1) Тој што со намера да наведе на давање на лажен исказ лице кое може да биде повикано како сведок, сведок или вештак или да го спречи или да го отежне прибавувањето докази или докажувањето во кривичната постапка, во постапка пред суд или друг орган кој што води постапка согласно закон ќе се закани дека ќе нападне врз животот или телото или имот од поголем обем, лице кое може да биде повикано како сведок, сведок или вештак или на нив блиски лица, или со примена на сила, насилство, противправно лишување од слобода, со нудење поткуп или на друг начин ќе влијае или ќе спречи тоа лице да се појави како лице кое може да биде повикано како сведок, сведок или вештак во постапката, или ако е повикано како сведок или вештак да даде или да не даде исказ во определена смисла,
ќе се казни со затвор од една до пет години.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што заради одмазда за дадениот исказ на лицето од став 1 на овој член ќе му одземе некое право, ќе го малтретира или телесно ќе го повреди.
(3) Ако поради делото од ставот 1 и ставот 2 настапиле особено тешки последици за обвинетиот во кривичната постапка, или на лице од став 1 на овој член му е нанесена тешка телесна повреда, или делото е сторено спрема заштитен или загрозен сведок или нему блиско лице,
сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
(4) Ако со делото од ставовите (1) и (2) од овој член, е лишено од живот лицето од ставот (1) од овој член ,
сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.
(5) Тој што со сила, сериозна закана или со ветување, нудење или давање некаква корист ќе влијае врз судија, јавен обвинител или друго службено лице или адвокат да презема или да не презема со закон предвидени дејствија во постапка пред суд или друг орган надлежен за водење постапка уредена со закон спротивно на неговата службена или адвокатска должност и овластувања, или ќе го спречува во вршењето такви дејствија,
ќе се казни со затвор од една до десет години.
(6) Со казната од ставот (5) од овој член ќе се казни службено или одговорно лице што ќе одбие или неосновано одлага извршување наредба или врз закон засновано барање на суд, јавен обвинител или друг надлежен орган или бранител за прибирање, чување или доставување писмена, документи или предмети, или со намера да го спречи или отежне докажувањето прикрива, уништува, фалсификува или на друг начин прави неупотребливи писмена, документи или предмети што може да послужат како доказ во постапка пред суд или друг орган надлежен за водење на постапка уредена со закон.
(7) Ако делото од ставот (6) е сторено во претходна кривична постапка или во кривична постапка,
сторителот ќе се казни со затвор од четири до десет години.
(8) Ако делото од ставовите (6) и (7) го стори правно лице,
ќе се казни со парична казна.
(9) Под условите определени во член 38-б од овој закон, за кривичното дело од овој член, судот на сторителот ќе му изрече забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од една до десет години.“