Меџити: ДУИ самите си праќаат на себе заканувачки мејлови и пријавуваат во полиција! – Тоа им се политички акробации!

„Нив не ги вознемирува и не ги задева никој, тие не се чинител! ДУИ со кибернетски електронски мејлови си се закануваат самите на себе, па го пријавуваат тоа во полиција! Тоа се нивни политички акробации!“ – изјави вицепремиерот Изет Меџити и лидер на Демократското движење во рамки на коалицијата Вреди. Ова го објави ТВ 21.

ТВ 21 ја цитира изјавата на Изет Меџити, дадена во овој контекст: „Самите ги пишуваат тие електронски мејлови, па ги пријавуваат во полиција. Ним не им се заканувал никој се додека не беа во опозиција, а сега не се некој чинител, што може да го натера некого за закани кон нив. Тие мора да си се посветат самите на себе, мора да се реформираат. Треба да се огласуваат со нови идеи, а не со ваквите политички акробации преку електронски мејлови да се закануваат самите на себе и да го пријавуваат тоа во полицијата! Нив не ги вознемирува никој и не ги задева, тие не се чинител!“



Инаку, пред два дена весникот на албански јазик „Коха“ објави дека, наводно, преку пораки испратени на електронска адреса емајл им била упатена закана „Ќе ви ја отсечеме главата“. … „Подготвувајте се за бесилка“, како и со друга содржина на лидерот на ДУИ Али Ахмети и на уште седум други пратеници на ДУИ. „Коха“ информираше дека случајот го потврдило и Министерството за внатрешни работи.