Исмевањето на Исус Христос и „Тајната вечера“ од страна на трансвеститите на стартот на Олимписките игри во Париз го згрози светот

Еден ден по отворањето на Олимписките игри во главниот град на Франција Париз, продолжуваат да пристигнуваат жестоки негативни реакции од повеќе страни на светот, поради трансвеститите „предводени“ од „дрег-кралица“ во „улога“ на Исус Христос, кои во рамки на отворањето на Олимпијадата организираа глобално исмевање на Исус Христос и неговата „Тајна вечера“ – една од најсветите сцени во христијанството. Повеќечасовната церемонија на отворање на Олимписките игри во Париз, најавена дека цели кон „поместување на границите“, успеа да го стори токму тоа. Низа медиуми во светот ги коментираа главно во негативна конотација споменатите глетки од Париз. Музичката и танцувачката програма предизвикаа шок кај многумина и ги фрлија во сенка првата церемонија на отворање едни Олимписки игри, што е одржана на отворен простор, како и спортистите, кои парадираа на реката Сена.

„Церемонијата на отворањето на Олимписките ири во Париз го покажа колапсот на цивилизацијата и на христијанската култура во Западна Европа – трансвеститите ја прикажаа ‘Тајната вечера’. Ова е невидена пропаганда на блујаници од светски размери во ‘Франција на темнината’.“ – напиша грчкиот информативен портал „Проњуз“.

„Знајте дека тоа не го говори Франција, туку левото малцинство, подготвено на секаква провокација.“ – објави на општествената мрежа икс (поранешен твитер) Марион Марешал, внуката на француската политичарка Марин Ле Пен, обраќајќи им се на сите христијани во светот, кои беа навредени со церемонијата на навредувањето и од скандалозната сцена, што беше сфатена како исмејување на „Тајната вечера“.

Инаку, во христијанските Евангелија „Тајната вечера“, позната и како „Последната вечера“, го претставувала последниот оброк на Исус Христос, кој го поделил заедно со 12-те апостоли пред неговото предавање од страна на Јуда Искариот и пред неговата смрт. „Тајната вечера“ е насликана на една од најпознатите слики на Леонардо да Винчи и на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз насобраните трансвестити на маса ги имитираа токму Исус Христос и неговите дванаесетте апостоли, нацртани на оваа слика на Да Винчи.

„Ова беше крајно непочитување кон христијаните.“ – ја искоментира на мрежата икс американскиот милијардер Илон Маск глетката кога дрег-кралицата во улога на Исус Христос и трансвеститите асоцираа на „Тајната вечера“.