„Алијансата за Албанците – Европскиот фронт реагираше во врска со информацијата дека српски полицајци ќе патролираат во * Македонија, што ја соопшти српскиот министер Ивица Дачиќ. Јавно бараме премиерот на Косово Албин Курти да се произнесе: дали се согласува со оваа одлука и дали ја поддржува?“ – објави ТВ 21.
„Очекуваме да се произнесе Албин Курти доаѓањето на српската полиција во Охрид! Благодарение на Владата по 35 години српската полиција слободно ќе патролира во Охрид, со овластувања да реагира кон граѓаните, кои ќе го посетат овој град, заради одмор. Имајќи ја предвид изјавата на министерот Ивица Дачиќ дека Србија го признава Косово како своја територија, тоа значи дека во Охрид ќе имаат право да го уапсат секој косовски Албанец, кого Србија го бара за војната 1998-99 година. За ова јавно бараме да се изјасни и премиерот на Косово Албин Курти, дали овој случај го гледа во согласност со политиките на Владата и партијата, што ги води?“ –реагира Алијансата за Албанците на Зијадин Села.
Оваа реакција на Зијадин Села и на неговото крило во Алијансата за Албанците, со кое раководи, е тенденциозна политичка провокација кон Република Македонија и нејзината Влада и Министерство за внатрешни работи, бидејќи Села и неговото крило во АА се дрзнуваат да го повикаат премиерот на Владата на меѓународниот протекторат Косово Албин Курти да се изјаснува за внатрешните работи на суверената држава Македонија и за одлуки на нејзините политички и полициски власти и органи. Села и неговото крило во Алијансата за Албанците го прашувале јавно Албин Курти дали ќе дал, или не, согласност и поддршка за заедничките полициски патроли на Република Македонија со Република Србија?!
Еве потсетување за Зијадин Села и неговите колеги-опозиционери, но и за секој друг, што можеби има какви било дилеми во врска со оваа заедничка полициска соработка меѓу Македонија и Србија: таа е предвидена и во рамки на препораките на Европската комисија “Cod → eucrim 4/2021, 225-226“ и „Regulation on “Prüm II” околу соработката меѓу полициите на државите-членки на ЕУ, кои секако се однесуваат и важат и за Македонија и Србија како кандидатки за влез во ЕУ. На официјалниот интернет-европортал „EUCRIM.eu“, на кој се изнесуваат препораките на Европската комисија за меѓудржавната полициска соработка во ЕУ, меѓу другото и „во врска со туристичката сезона“, што е посебно нагласено од македонскиот и српскиот министер за внатрешни работи Тошковски и Дачиќ, пишува: „Усвоена е Препорака за оперативна соработка за спроведување на законот. Таа има за цел зајакнување на оперативната соработка во ситуации кога органите за спроведување на законот на една земја-членка на ЕУ работат на територијата на друга земја-членка на ЕУ во контекст на прекугранични и други транснационални дејства, кои вклучуваат две, или повеќе земји-членки на ЕУ. Таквите ситуации вклучуваат, на пример, прекугранична брза потера, прекуграничен надзор, заеднички патроли, или други заеднички операции, на пример, во врска со туристичката сезона, или масовен настан. …“
„Се предвидува ефективен пристап на нивните органи за спроведување на законот до информации и комуникација преку безбедни канали… пристап до заедничка обука и професионален развој. со цел да се воспостави европска полициска култура. … Препораката e дел од пакетот на Европската Комисија заполициска соработка Код → eucrim 4/2021, 225-226). Европската Комисија претстави и законски предлог за автоматска размена на податоци за полициска соработка (Regulation on “Prüm II”).





