Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето на турнирот на тврда подлога и со награден фонд од 100 илјади американски долари во Фигеира да Фоз, Португалија, откако во второто коло со пресврт ја елиминира петтата носителка Аријане Хартоно од Холандија.
Ѓорческа, неделава 219. на ВТА-листата во сингл, славеше над 163. женски рекет во светот со 4-6, 6-2, 6-3 по два часа и две минути игра.
Следна пречка на 29-годишната тетовка ќе ѝ биде подобрата меѓу втората носителка Ребека Марино (151.) од Канада и Медисон Инглиз (230.) од Австралија.






