CrowdStrike, што предизвика минатонеделно глобално пропаѓање на ИТ и пред се’ системите на авиокомпании кои сè уште не можат да се вратат на редовна работа, им испрати на своите партнери ваучери со извинување во висина од по 10 долари, но некои не функционираа.
Неколку извори кажуваат за TechCrunch за ваучерите од 10 долари на Uber Eats испратени по пошта.
„Изразуваме искрена благодарност и се извинуваме за непријатностите…За да ја покажеме нашата благодарност, вашата следна шолја кафе или појадок е од нас!“ напиша CrowdStrike.
Некои од оние кои ги добиле картичките велат дека кога решиле да ги искористат, испаднало дека ваучерите не функционирале.
Масовниот пад на уредите со Windows се случи на 19 јули.
Причината беше ажурирањето на програмата Falcon Sensor на CrowdStrike.
Над 8,5 милиони компјутери ширум светот беа погодени. Авиопревозниците, банките, ТВ и радио компаниите, аптеките и сл.
Загубите на најголемите компании во светот се проценуваат на 5 милијарди долари.






