„Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамките на официјалната посета на Приштина, Косово, денеска оствари средба со министерката за индустрија, претриемништво и трговија Розета Хајдари. Главна тема на средбата меѓу двајцата министри беше продлабочувањето на соработката меѓу двете земји.“ – објави ТВ 21.
ТВ 21 пишува: Министерот Дурмиши истакна дека Министерството за економија и труд сега ќе се насочи кон создавање конкретни мерки и политики за зголемување на конкурентноста на домашните компании на македонскиот пазар и во регионот. Тој нагласи дека унапредувањето на регионалната соработка е врвен приоритет на Владата, со главна цел да се подобри животниот стандард на граѓаните во * Македонија и во регионот.
Според Дурмиши, исклучително важно за земјите од Западниот Балкан е да се создадат заеднички мерки, заради подобрување на деловната клима и конкурентноста на заедничкиот европски пазар. На состанокот со министерката Хајдари тој истакна дека преку „Берлинскиот процес“, во кој учествуваат земјите од Западмиот Балкан, се направени сериозни чекори, со кои се унапредува дијалогот меѓу владите, но и претставниците на бизнис-заедницата.
Започнати се реформите, со кои сите земји од Западен Балкан ќе се доближат до членството во Европската Унија. Косово е значаен трговски партнер на * Македонија. По обемот на трговска размена Косово е секогаш меѓу првите дваесет најголеми трговски партнери, со кои * Македонија остварува најголем обем на трговска размена, додека во извозот е секогаш во првите пет најголеми трговски партнери. Двајцата министри заклучија дека економската соработка меѓу * Македонија и Косово, има сериозен потенцијал да се продлабочува уште повеќе.
Home Македонија Средба Дурмиши-Хајдари: Преку заедничките економски политики и соработка Р*М – Косово ќе...





