Зголемување на цените на угостителските услуги за 50% во владиниот ресторан предложил директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски.
Томовски вели дека нема веќе „багатела“ јадење на државна сметка, како и дека во изминатиот период, јавноста често со право реагираше на ниските и непазарни цени по кои се користеа угостителските услуги на (СОЗР) на Владата.
„Ваквото зголемување на цените не е прекумерно имајќи предвид дека претходно цените беа значително пониски во споредба со приватниот пазар.
Во периодот што следува, ќе се прават дополнителни анализи и секогаш кога ќе се јави потреба поради отстапувања од пазарните цени, ќе има корекции на истите.
Важно е да се обезбеди еднаков пристап на сите услуги, но без привилегии за избраните функционери и раководниот кадар“, објави Томовски на Фејсбук.





