РЕК Битола работи само со еден блок

Комбинатот РЕК Битола попладнево работи само со еден блок -Блокот 3, откако поради испад на далновод на МЕПСО, без напојување со струја останал Блокот 1, соопштија од ЕСМ.



„Попладнево, околу 16:45 часот поради испад на далновод на МЕПСО, без напојување со струја остана Блок 1 на РЕК Битола, по што постојката испадна од мрежа. Комбинатот продолжува да работи со еден блок, Блок 3, до повторно ставање во функција на Блок 1“ – наведуваат од ЕСМ.

Воедно, потсетуваат дека на Блок 2 во тек се ремонтни активности.