Еден месец точно од работењето на новата македонска Влада, што е сработено во изминатите 30 дена сподели Премиерот сподели на фејсбук. За еден месец донесена е инвестиција вредна 500 милиони долари која влегува во Македонија, станува збор за изградба на најголемиот парк во државата и регионот од 55 ветерници – 630 работни места, нова инвестиција од 20 милиони евра и нови 110 работни места, над 55 инвестициски милиони евра и отворање на 100 нови работни места во ТИРЗ зоната.
Воспоставување на специјална економска соработка со Унгарија, 5000 денари линеарно зголемување на пензиите, 250 милиони евра за општините во Македонија, промовирање на мир, стабилност и владеење на меѓународното право. Работа, посветеност и енергија за секој еден човек-Македонија се сака со дела, напиша премиерот.
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/518638543918704






