Дуално образование и на универзитетите

Дуално образование и на универзитетите преку развивање дополнителни алатки за студентите да имаат што повеќе практика, е еден од предлозите за кои денеска разговарале министерката за образование и наука, Весна Јаневска и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.



Како што изјави Јаневска по средбата, тоа мора да се направи во договор со универзитетите.

Ќе се развиваат дополнителни алатки на зголемување на праксата на универзитетите. Се разбира, тоа мора да го направиме во договор со универзитетите, почитувајќи ја нивната автономија, визави студиските програми, но искуството од некои кои веќе почнуваат да спроведуваат ваква пракса покажува дека е исклучително важно и корисно. Значи, ќе продолжиме, покрај во средните стручни училишта, да ја продолжиме оваа практика и на универзитетите. Искрено се надевам дека се повеќе компании ќе се вклучуваат во овој процес, но ние како МОН ќе почнеме и со процес на вклучување и на државни институции во практичната настава на универзитетите во нашата земја – најави министерката.

Според претседателот на Комората, Азески, со министерката ги договориле следните чекори во насока на поквалитетен систем на дуално образование во средните училишта, а ќе се направат напори овој концепт да се примени и во високото образование.