Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги демантира обвинувањата од СДСМ кои го поврзуваат со наводно „подарениот имот“ на генералниот секретар Игор Јанушев.
-Во однос на обвинувањата изнесени од Богданка Кузеска сакам јавно да ги демантирам и да ја информирам јавноста дека уште на 4 јули 2024 година, во законски утврдениот рок, до Државната комисија за спречување на корупцијата доставив изјава за имотна состојба. Сите податоци за мојот имот се јавно достапни на следниот линк: https://registar.dksk.mk/appointed-person/22221. Одговорно тврдам дека надвор од она што е наведено во изјавата за имотната состојба, не поседувам ништо друго. Ги повикувам институциите детално да го проверат мојот имот, но и имотот на секој актуелен и поранешен функционер, особено на оние кои целиот свој живот се на товар на државниот буџет“, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Министерот Тошковски упати порака до СДСМ да престане со лаги и манипулации.
„Транспарентноста и одговорноста се клучни за градење на доверба меѓу институциите и граѓаните. Време е вистината да излезе на виделина“, се вели во неговата објава на Фејсбук.





