Денес токму ДУИ партија се огласува со со нови идеи за територијално реформатирање сега веќе под името регионализација, што подразбира федерализација, или кантонизација. Но, додека уживаа во моќта фронтмените-интегристи беа категорично против идеите за територијална поделба. Оваа партија сега страда од добро познатата дијагноза „lucidum intervallum“, или „lucidity interval“, која во медицински контекст опишува привремен период на ментална јасност меѓу периоди на конфузија, или ментална болест.“ – вели новинарот Насер Пајазити, новинар и извршен директор на информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА во својата колумна со индикативен наслов „ДУИ во lucidum intervallum“.
Пајазити пишува: Пред многу години многу малку колеги во медиумите го задржаа духот на расправата за разгледување други модели за внатрешнотериторијалното реформатирање на Македонија, како што се кантонизирање, федерализирање, или други модели, поради скадалозното сечење на картата на општините. Политичарите од довчерашната власт, односно од ДУИ, нѐ нарекуваа опасни низ дипломатските кулоари и внатре во државата. „Оние тирански радикалисти.“ – беа зборовите за нас, кои доаѓавме од Тирана, каде што студиравме.
Тогаш тимот на ДУИ, предводен од Муса Џафери и уште некои други личности заедно со професорите на СДСМ на Бранко Црвенковски почнаа да ги забиваат ножевите во картата на Македонија, осакатувајќи многу територии на населени места, каде што гравитираат Албанците, формирајќи и слепи неразвиени селски општини, како што е Липково, но и градски општини, како во Скопје, што ги гетоизираа Албанците и ги претвораа во маргинален елемент без сила и без здив.
Денес токму оваа партија се огласува со со нови идеи за територијално реформатирање сега веќе под името регионализација, што подразбира федерализација, или кантонизација. Такви идеални и капитални идеи требаше да се реализираат кога си на власт, а не од опозиција каде што можеш сешто да кажеш! Кога си на власт имаш моќ и должност да раководиш со такви силни иницијативи.
Хисни Шаќири беше меѓу ретките политичари, кои ја прокламираа идејата за федерализација. Во интервјуто, водено со него во април 2010 година за федерализацијата, Шаќири го повика Ахмети да ја разгледа оваа идеја: „Уште еднаш го покануваме Али Ахмети и целиот албански политички блок да формираме Алијанса за федерализација на Македонија, бидејќи албанското национално прашање не дозволува политичарите слепо да веруваат во политички концепти, кои се веќе промашени, туку тоа се штити само со обединување на политичките сили на патот на националниот спас.“ – имаше изјавено тогаш Хисни Шаќири.
Но, додека уживаа во моќта фронтмените-интегристи беа категорично против новите идеи за територијална поделба.
Пред осум години во интервју за БИРН Али Ахмети рече „забораваме на федерализацијата на Македонија, бидејќи поделбата на два федерални дела би била премногу проблематична, со оглед дека голем дел од граѓаните живеат во етнички мешани населби“. „За да разговараме на ваков вид теми, бездруго треба да ја знаеме конфигурацијата, односно географијата на земјата и нејзините населби. Како ќе ја направите федерализацијата, или конфедерацијата кога тие две федерални единици ќе имаат дефинирани територијални граници?“ – имаше нагласено Ахмети во тоа второ интервју.
ДУИ покажува дека 20 години создавала лажна илузија, а сега како опозиција најпотребно е да се соочи со внатрешна катарза и реформи. Оваа партија сега страда од добро познатата дијагноза „lucidum intervallum“ или „lucidity interval“, која во медицински контекст опишува привремен период на ментална јасност меѓу периоди на конфузија, или ментална болест.





