Пратеникот од коалицијата Вреди Аднан Азизи, ја коментираше идејата на ДУИ за поделба на * Македонија на региони. Азизи пишува дека ДУИ прејде од „Зелената агенда“ во „Национална агенда“ не од национални причини, туку заради пазарење. „Државата им припаѓа на граѓаните, не сте ја добиле од татко ви, па да ја делите и да ја продавате парче по парче! Не, ви гарантирам дека овој сон нема да се оствари.“ – им порача Аднан Азизи на Али Ахмети и неговите сопартијци од ДУИ. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.
„Алфакс“ ја пренесува објавата на Азизи на неговиот фејсбук-профил: Додека беше во владата ДУИ имаше апсолутна власт и крадеше без мера, ја пљачкаше државата од секој можен аспект, ја уништи секоја институција на државата и ја направи нефункционална, а сега велат дека божем сакаат да ја делат. Ова го докажува нивниот менталитет: дека државата е нивна приватна сопственост, која можат да ја третираат како што сакаат. Но, државата им припаѓа на граѓаните, не сте ја добиле од татко ви, па да ја делите и да ја продавате парче по парче!
Свесни сме дека ова прашање на поделбата е нивна дневна политика, за да се обидат да избегаат од одговорноста за криминалот што го направиле. Не, ви гарантирам дека овој сон нема да се оствари, бидејќи државата и народот не сте ги добиле од татко ви, туку државата им припаѓа на сите граѓани.





