Коалицијата „Продолжуваме со промената – Демкоратска Бугарија (ПП-ДБ) го врати мандатот за формирање влада веднаш штом го доби од претседателот Румен Радев.



Целата процедура траеше само околу 2 минути и со тоа вториот мандат замина во историјата.

Во име на десничарските партии, поранешниот премиер Николај Денков го повтори образложението што претходно го дадоа – дека нивниот обид не доби поддршка во Народното собрание

ПП-ДБ во парламентт презентираше декларација за приоритети кои се однесуваа само на антикорупциските мерки, а тоа се покажа незадоволително за другите политички сили со кои разговараа.

ПП-ДБ очекува нови избори на кои нивната коалиција ќе настапи подобро од досега.
„Очекуваме да добиеме посилна поддршка од јавноста, за во следните можности повторно да ги покренеме овие теми и тие да бидат во центарот на дискусиите во парламентот. Борбата против корупцијата не е цел сама по себе – тоа е всушност главно средство за постигнување среќа“, објасни Денков.

Шефот на државата не ја коментираше одлуката на ПП-ДБ.

Тој едноставно изјави дека е должен да ја исполни уставната процедура, па папката со мандатот му ја предаде на Денков, кој веднаш му ја врати.