„Министерот за здравство Арбен Таравари, коментирајќи ја идејата на ДУИ за поделба на државата според моделот на Белгија и Северна Ирска, рече дека тоа е тешко да се спроведе и оти таа деја создава конфузија и скептицизам.“ – објави ТВ Алсат.
ТВ Алсат ја цитира изјавата на Таравари, дадена во овој контекст: „ДУИ беше на власт 22 години, во Владата, ништо од тоа што го кажува денеска не го наптавила, ниту ѝ паднало на ум. Сега кога се два месеци во опозиција, веќе се потсетуваат на различни идеи. Не сум против идеи, идеите се добри, но вие 22 години на власт воопшто не сте размислувале за децентрализација, што е дел од Охридскиот договор, да не зборуваме сега за регионализација. Ние изнесовме уште од порано идеи за подобро функционирање на државата во смисла на фискална децентрализација и тоа го имаме повторно во програмата. На овие сега кога се во опозиција им текнуваат идеи, кои се тешко остварливи. Посакувам да бидат поконструктивна опозиција и да изнесуваат идеи, кои се остварливи, а не создаваат бркотница и скептицизам во јавноста.’





