ВМРО ДПМНЕ: Кога ДУИ не е во Владата да краде, тогаш покренува етнички прашања и поделби

„Кога ДУИ не е во Владата да краде, тогаш прави етнички прашања и поделби.“ – изјави пратеничката и портпаролка на ВМРО ДПМНЕ Марија Митева, пренесувајќи ја реакцијата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во врска со последниот потег на опозициската партија ДУИ да ангажира меѓународни експерти и автори на Охридскиот договор, кои „разгледуваат два модела – модел на Белгија и модел на Северна Ирска за поделба на територијата на Македонија на региони“. ДУИ едновремено ги ангажираше овие експерти да ги „испитаат формите на изразување на незадоволство, поради поткопување на легитимитетот“.

Портпаролката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева укажа: „Македонија е членка на НАТО и членството таму значи исполнување на критериумите, на кои работеа неколку влади. За ВМРО-ДПМНЕ не е прифатлив рекетарскиот принцип, што го применува ДУИ и тоа е: ‘Ако не сме во Владата да крадеме, тогаш ќе правиме етнички прашања и поделби.’ ДУИ до пред месец и половина беше на власт заедно со СДС и тогаш на Али Ахмети не му беше важна регионалната поделба на Македонија, колку беше важно ‘Арберија’ да ги добие тендерите на Артан, внукот на Али да ја купува Соравија, или фирмите-подизведувачи на ‘Бехтел и Енка’ да се истите од Зајас, или блиски до ДУИ. Тогаш на Ахмети не му беше важно ништо од ова. ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за решенија за подобар живот на луѓето и за одржување хармонија и квалитетни односи засновани на решени проблеми, без поделби и конфликти.“