Александар Дугин, првиот советник на рускиот претседател Владимир Путин, денес во Скопје изјави дека Русија ниту ја спречува ниту ќе се меша во изборот на Македонија доколку сака да стане членка на НАТО.
На панел дискусијата на тема „Република Македонија во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“, Дугин уште рече дека граѓаните на Македонија треба сами да одлучат, но треба да имаат избор.
Панел дискусијата ја организираше партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев. Партијата досега се викаше Народно движење за Македонија, но се преименува по урнек на путиновата партија Единствена Русија.
Во дискусијата учествуваше и Леонид Савин, вториот советник на претседателот Путин, и тој со својот колега Дугин предупредија дека Запад не е добра опција за Македонија, и пред околу 300 граѓани повикаа да се размисли Македонија да се определи за Евроазиска економска унија.





