Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски се сретнаа со Македонците од Албанија.
„Со задоволство се сретнав со претставници на македонски здруженија во Република Албанија, кои ме запознаа со нивните активности посветени на заштитата и афирмацијата на македонскиот јазик, култура и традиции.
Честитки за нивниот значаен долгогодишен придонес во средините во коишто живеат и работат, континуирано унапредувајќи ги македонско-албанските односи” напиша претседателката.







