„Како се сети ДУИ денес за првпат по 22 години какво би било територијалното решение, соодветно за Македонија? ДУИ пропаѓа и во опозиција.“ – вака изреагира Арбен Таравари министерот за здравство и еден од лидерите на албанската коалиција Вреди, која е дел од Владата, во врска со веста за објавувањето на двата модела, кои ги разгледуваат меѓународните експерти и авторите на Охридскиот договор, ангажирани од ДУИ. Ова го објави ТВ 21.
„Интересно е како ДУИ по 22 години за прв пат денеска се сети какво би било територијалното решение соодветно за Македонија. ДУИ не доцни една, или две години, туку 22 години… ДУИ пропаѓа и во опозиција…“ – напиша Таравари на својот фејсбук-профил.
ТВ21 објави дека меѓународни експерти и автори на Охридскиот договор, ангажирани од ДУИ, разгледуваат поделба на државата Македонија на региони според два модела: моделот на Белгија, или моделот на Северна Ирска, откако ДУИ го искажа своето незадоволство од „нарушувањето на волјата на народот“.





