Во главниот град на Бангладеш, Дака, во сила е полициски час за да се смират смртоносните протести предводени од студентите против владините квоти за работни места во јавниот сектор, во кои загинаа повеќе од 100 луѓе оваа недела.
Протестите беа поттикнати и од високата невработеност кај младите, кои сочинуваат речиси една петтина од 170-милионското население.
Укинат е интернет и услугите за пораки од четвртокот, а Бангладеш е отсечен од светот додека полицијата се обидува да ги задуши протестите што продолжија и покрај забраната за јавни собири.
Во насилните судири оваа недела загинаа најмалку 105 луѓе, а илјадници беа повредени, според болничките извештаи низ Бангладеш. Болницата на медицинскиот колеџ во Дака вчера вечерта прими 27 тела.
Националните немири избувнаа поради гневот на студентите поради новите квоти за владини работни места, вклучително и 30 отсто за семејствата на оние кои се бореле за независност од Пакистан.
Овој потег отвори стари и чувствителни политички поделби меѓу оние кои се бореа за независност на Бангладеш од Пакистан во 1971 година и обвинетите за соработка со Исламабад.






