Денес на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон, остварив средба и разговарав со Дејвид Лами , државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
“Разменивме мислења за актуелните политички теми во регионот и Европа и ја потврдивме потребата од поблиска и потесна соработка на земјите од Европа на полето на безбедносните и енергетските прашања. Заклучивме дека соработката е неопходна за градење на цврсти партнерски односи и економски напредок. Се согласивме дека регионот и Обединетото кралство имаат заеднички интерес во областа на безбедноста и градењето на стабилни регионални односи во рамките на евроатланските процеси” стои во објавата на Мицкоски.





