Новинарка треба да и плати отштета од 5.000 евра на италијанската премиерка Џорџија Мелони во висина од 5.000 евра зашто ја исмевала во објава на социјалните мрежи, објави новинската агенција АНСА.



Новинарката Џулија Кортезе, исто така, беше казнета со 1.200 евра поради исмејување на висината на премиерката на споранешен „Твитер“ , во октомври 2021 година.

Мелони, чија партија „Браќа на Италија“ во тоа време беше опозиција, се налути кога Кортезе објави нејзина лажна фотографија со слика на покојниот фашистички лидер Бенито Мусолини во позадина.

Кортезе одговори со дополнителни твитови, вклучувајќи и еден во кој напиша: „Не ме плашиш, Џорџија Мелони. На крајот на краиштата, ти си висока само 120 сантиметри. Не можам ни да те видам“.

Висината на Мелони на различни медиумски сајтови се наведува дека е помеѓу 158 и 163 сантиметри.

Нвинарката може да се жали на пресудата, а адвокатот на Мелони рече дека премиерот ќе го донира секој надоместок што ќе го добие во добротворни цели.