На вчерашната седница Владата донесе одлука за стопирање на дополнителни 252,7 мииони евра за реализација на делницата Гостивар-Букојчани од Коридорот 8.
Со ова укинат е заклучокот на претходната техничка влада од 13 јуни, „повеќе од еден месец после изборите и на неколку дена пред донесување на одлуката за избор на нова Влада, како и економската неисплатливост за реализација на истиот“, се вели во денешното соопштение од Владата.
Според заклучокот на Владата тие средства не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи.
Од Владата најавуваат дека за овој заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.
бивчаа влада на чело со Димитар Ковачевски, потпиша договор со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10д.
Изградбата треба да чини 1,3 милијарди евра и треба да трае пет години. Станува збор за автопатски делници: Требеништа-Струга-Ќафасан (22 километри), Гостивар-Букојчани (30 километри), Тетово-Гостивар (17 километри) и Прилеп-Битола (40 километри).






