Минималната температура денеска ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степени.
UV индексот ќе биде 10
Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Во следните денови ќе продолжи претежно сончево и многу топло со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
До петок ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.
Во петок и за време на викендот, а особено во сабота, во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.






