„Вреди ќе функционира како коалиција до локалните избори. Тогаш ќе се разгледа идејата за спојување во една партија.“ – објави ТВ Алсат.
ТВ Алсат пишува: Градоначалникот на Тетово и лидер на Беса Билал Касами изјави дека дотогаш соработката ќе продолжи во ваква форма. „Сакаме овој процес да биде природен. Оценивме дека сме имале одлична соработка досега. Така ќе продолжиме до локалните избори, а потоа ќе одиме чекор понатаму со идејата за формирање еден политички субјект.“ – изјави Касами.
На последната средба на партиските лидери е одлучено да се формираат координативно тело и кадровска комисија. „Првично координативното тело ќе го сочинуваат лидерите на партиите и уште еден еден член на партијата, вклучувајќи го и Беким Ќоку како претставник на Ветвендосје. Тоа ќе биде координативно тело од 9 члена, кое ќе ја одредува политиката на донесување одлуки на Коалицијата Вреди. Се договоривме да има и кадровска комисија, која ќе се занимава со поставување кадри и со политички прашања за вработување и за се, што има врска со соодветната застапеност на Албанците во државните институции.“ – нагласи Билал Касами.
Вреди беше создаден како коалиција пред претседателските и парламентарните избори, составена од Демократското движење, Движењето Беса, Алијансата за Албанците, Алтернатива и претставници на Движењето Самоопределување во земјава./ Алсат.мк





