Од оваа година во Летонија повторно стапува во сила обврската за задолжителен воен рок .
Доколку нема доволно доброволци за 11-месечниот армиски рок, тогаш армијата насилно ќе регрутира млади луѓе.
Соседна Литванија повторно го воведе воениот рок веќе во 2015 година, Шведска во 2017 година.
За воведување воен рок се разговара и во Германија, Велика Британија, Хрватска…
Софија Беш од Фондацијата Карнеги за меѓународен мир во Вашингтон вели дека „Се чини дека тоа е начин да се создадат воени резерви кои се потребни во случај на војна. Многу европски армии, вклучително и германската, имаат потешкотии да регрутираат доволно војници.
Регрутирањето, настанато од граѓанската армија на Француската револуција, изгледаше непотребно во Европа по крајот на Студената војна.
Но, тоа се промени по рускиот напад на Украина.
Европските земји стравуваат од директен конфликт со Русија и сакаат да бидат подготвени за таа евентуалност, вели Беш во изјава за Дојче веле.





