Еден од авторите на Рамковскиот договор, Aмериканецот Пол Вилијамс, билангажиран од ДУИ за дефинирање на законски или уставни измени за спроведување на т.н. Мајски договор, односно барањето на оваа партија за озаконување на принципот на коалицирање победник со победник, дознава МКД.МК.



Вилијамс бил ангажиран да подготви платформа за легитимитетот, зашто ВМРО-ДПМНЕ „или не го прочитала или Рамковниот договор го чита по свое“, изјави викендов Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ кој најави дека од септември ќе почне спроведувањето на нивната стратегија која подразбира и орагнизирање протести пред Собрание, пред Владата и пред други институции, активирање на предлог-законот за ветинг…

Викендов во Гостивар, Ахмети на партиски собир кажа дека тие не се откажуваат од тоа дека легитимно е нивното барање да бидат дел од власта и дека за тоа ќе водат битка во секоја населба и институција. За нивното неучество во власта, Ахмети вели дека е кражба на легитимитетот.

Вилијамс е професор по право и меѓународни односи на американскиот универзитет во Вашингтон, пишува порталот.