Томас Метју Крукс купил 50 парчиња муниција во локална продавница за оружје неколку часа пред да отвори оган кон Доналд Трамп за време на митингот на претседателскиот кандидат во Пенсилванија, дознава Њујорк пост..



20 годишниот атентатор го застрела Трамп во уво со автоматска пушка што неговиот татко легално ја купил.

Испалил 8 куршуми и притоа уби пожарникар доброволец во толпата и тешко рани уште двајца.

Вооруженио напаѓач кој стрелал од покрив на фабрика одалечена околу 120 метри од бината каде говорел Трамп, бече веднаш „неутрализиран“ од снајперисти на Тајната служба.

Мотивот за пукањето не е утврден.