„Фол“: ДУИ ќе добива големо НЕ секаде каде што ќе се обидува да го поларизира општеството и да произведе криза

„Оспорувајќи го легитимитетот на Вреди, која е дел од новата Влада, ДУИ со автогол го оспорува сопствениот легитимитет да зборува во име на Албанците.“ – се вели во коментарот со наслов „НЕ’ на ДУИ во Гостивар!“, кој е објавен на информативниот портал на албански јазик „Фол“.

Во коментарот се истакнува: Митингот на новиот лидер на опозицијата Али Ахмети се претвори во целосно фијаско во спортската сала во Гостивар. Во обид да го анимира членството и јавноста, бидејќи државата наводно се соочува со политичка криза, Ахмети се соочи со празни трибини, уморни и исплашени лица и исцрпени политички пораки. ДУИ доби големо НЕ во Гостивар. Истиот одговор ќе го добива секаде каде што ќе се обиде да ја наелектризира масата, да го поларизира општеството и во вештачка и непотребна форма да се обиде да произведе криза.

Оспорувајќи го легитимитетот на коалицијата Вреди, која е дел од новата Влада, ДУИ со автогол го оспорува сопствениот легитимитет да зборува во име на Албанците. Скромниот број на присутни говори за нивниот изгубена доверливост и легитимитет. Очигледно е дека освен сегашните функционери и дел од запаленото членство на ДУИ има сè помалку симпатизери и граѓани, кои ги прифаќаат тезите на Али Ахмети дека предодредениот и ‘ексклузивен’ партнер на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се само тој и неговите најблиски соработници.

Се чини јасно е дека ДУИ тешко ја прифаќа реалноста. Досега им беше лесно да ги полнат салите со злоупотреба на механизмите на моќ, за да обезбедат присуство на вработени во администрацијата на нивните настани. По само 20 дена од изборот на новата Влада тие почнаа да ја намалуваат љубовта кон нив. Во иднина ДУИ ќе се соочи со предизвици, особено кога ќе почнат да излегуваат на виделина разните сомнителни и коруптивни односи на нивните функционери.

Колку и да демантираат, сликите од настанот во Гостивар се своевиден доказ за нашите тврдења дека ДУИ му понудила на ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата без услови, со четири министерства, без претседател на Собранието, па дури и со подготвеност да се работи со кандидатите-Македонци да станат градоначалници на Кичево и Струга на локалните избори во 2025 година. Ако се земе предвид „пазарењето“ во врска со Кичево, што го направи Али Ахмети со Никола Груевски во 2008 година, само за да стане дел од власта, се добива впечаток дека ова Претседателство на ДУИ е убедено оти само со влегување во Владата по секоја цена ќе се спаси од растурањето и соочувањето со правдата.

Локалните избори се блиску. Но, Ахмети се уште не е подготвен да дозволи програмски и кадровски реформи во ДУИ, бидејќи одбива да се приспособи и да ја прифати улогата на конструктивна опозиција. Тоа многу ќе ги чини на локалните избори.