На барање на властите на Македонија, Турција испрати помош во два авиони и еден хеликоптер за гаснење на пожарите во земјава, потврди турскиот амбасадор во земјава, Фатих Улусој
„Врз основа на барањето на Владата на Република с. Македонија, вчера во попладневните часови интервениравме брзо и два авиони и еден хеликоптер веќе се стигнати со цел да се борат против пожарите.
Ние стоиме секогаш до наша братска и пријателска с. Македонија и во добри и во тешки денови“, рече амбасадорот Улусој на церемонијата по повод 15 јули – Денот на демократијата и националното единство, која што денеска ја приреди во Турската Амбасада.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов претходно информира дека два турски авиони за гаснење пожар „ер трактори“ и еден хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјава.
Леталата рано утрово слетале на аеродромот во Скопје.
Двата турски „ер трактори“ заедно со два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување ќе интервенираат на пожарот во општина Ново Село, еден полициски хеликоптер рано утрово веќе започнал со гасење на пожарот на планината Серта, а набргу на него се очекува да му се приклучи и еден армиски хеликоптер и турскиот хеликоптер.
ЦУК извести дека во последните 24 часа биле регистрирани 26 пожари од кои 9 се се уште активни…






