Министерот за европски прашања Муртезани се сретна со италијанскиот амбасадор Силвестри

„Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денес во просториите на Министерството за европски прашања оствари средба со амбасадорот на Италија Андреа Силвестри. На средбата министерот Муртезани истакна дека поддршката на Италија е од големо значење, како и зацврстувањето на партнерските односи.“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 пишува: На состанокот, покрај меѓусебните билатерални односи, се зборуваше и за Планот за раст на Европската Комисија за Западниот Балкан, чија цел е забрзување на социоекономската конвергенција на регионот во Европската Унија.

Амбасадорот Силвестри истакна дека Италија ќе продолжи да ја поддржува * Македонија на европскиот пат и искажа подготвеност за континуирано зајакнување на соработката во сите области од заеднички интерес на двете земји.