Шенен Доерти, ѕвездата на популарната серија „Беверли Хилс“ каде го играше ликот на Бренда, почина на 53-годишна возраст по долготрајна борба со ракт.



Во изјавата на нејзиниот публицист Лесли Слоун, цитирана од списанието People, се вели:

„Со тешко срце го потврдувам смртта на актерката Шенен Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, пренесе Гардијан.

На актерката првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година и беше подложена на мастектомија.

Во 2020 година, таа соопшти дека нејзината дијагноза тогаш била терминална, нарекувајќи ја „горчлива пилула за голтање“.

Во јуни 2023 година, Доерти сподели објава на Инстаграм која откри дека ракот се проширил во нејзиниот мозок заедно со видеото од нејзиното лекување. „Мојот страв е очигледен“, напиша таа.

Доерти почна да работи на млада возраст со улоги на малите екрани пред да наполни 15 години.