Алек Болдвин се расплака додека судијата во Ново Мексико го отфрли случајот за ненамерно убиство за фатално пукање на сетот на филмот Rust.
На познатиот актер му се закануваше затворска казна до 18 месеци поради трагедијата што се случи во октомври 2021 година во државата Ново Мексико.
На снимањето на филмот „Rust“, актерот замавна со пиштол во кој требаше да има само празни патрони, но испука вистински куршум при што беше убиена камерманката Халина Хачинс и ранет режисерот Џоел Соуза.
Ова е втор пат случајот против актерот да биде отфрлен по пукањето во октомври 2021 година. Нема да му се суди повторно.
Неговите адвокати тврдат дека полицијата и обвинителството криеле докази – серија куршуми – кои би можеле да бидат поврзани со пукањето.
Клучен аспект на случајот е како боевата муниција завршила на сетот и адвокатите на г-дин Болдвин ја преиспитале истрагата и грешките направени од властите кои го обработиле местото на настанот.
Еден од двајцата специјални обвинители кои го предводеа случајот поднесе оставка, а судијката Мери Марлоу Сомер ја разреши поротата.
Случајот е завршен“, изјави адвокатот на Лос Анџелес, Џошуа Ритер за Би-Би-Си.





