Премиерот Христијан Мицкоски во седиштето на CNN се сретнал со извршниот потпретседател на медиумот и разговарале за актуелната политичка состојба и позициите на Македонија, можностите, промоцијата на капацитетите и потенцијалите на државата на овој реномиран медиум.
„Денес во седиштето на CNN остварив продуктивна средба со познатиот новинар Ричард Квест и Фил Нелсон, извршен потпретседател на CNN. Направив краток брифинг за актуелната политичка состојба и позициите на Македонија и разговор за можностите за промоција на капацитетите и потенцијалите на државата на овој угледен и реномиран медиум“, напиша премиерот Мицкоски на социјалните мрежи.





