Новинарката и директор на Институтот за комуникациски студии, Жанета Трајкоска, со остра реакција на вандализмот на тинејџери во скопски Капиштец за што се појави видео снимка од уништувањето на детските игралишта, тероризирање на јавниот простор за што реагираа исплашени граѓани.



„Нит школо, нит родители, а најмалце општеството направило нешто за да немаме дење мамини синови, а навечер деликвенти“ вели Трајкска.

„Не знам дали ќотекот излегол од рајот, ама работата дефинитивно….на оваа група малолетници треба да им се даде да работат нешто….
Се прашувам што рекле дома- супер поминавме искршивме еден парк….ако воопшто некој и ги прашува каде биле и како поминале.

Родителите веројатно вака им се однесуваат и дома и на улица.
Пораз за сите нас“, вели Трајкоска.