Инцидентот се случил во близина на крајбрежниот град Кавала. Лекарите не успеале да го спасат 66-годишниот бугарски турист, јавуваат медиуми.



Туристот се удави во морето на плажата Керамоти.

На лице место му била укажана лекарска екипа, по што бил пренесен во болницата во Кавала. Причината за смртта ќе биде утврдена по лекарски преглед.

Грчките власти постојано ги предупредуваат туристите да внимаваат на топлото време, климатските промени и состојбата на морето.

Во Грција летово секојдневно има жртви поради преценување на способноста на луѓето за пливање и непочитување на условите за влегување во вода.

Се додека топлотниот бран со температури од 40 степени не помине,  со се препорачува да се избегнува стоење на сонце за време на ручекот, како и да се консумира само лесна храна и вода без алкохол.

Постои ризик главно за постарите лица и децата.