Воткинс во 91. минута ѝ донесе ново еврофинале на Англија

Оли Воткинс, кој влезе во игра десет минути пред крајот, во судиското продолжение му донесе победа од 2:1 над Холандија и ново финале на вицешампионот Англија на 17. Европско фудбалско првенство во Германија.



Напаѓачот на Астон Вила погоди во првата од предвидените две минути надополнување на времето за дуел за титулата со Шпанија в недела од 21 часот на Олимпискиот стадион во Берлин.

Поведоа Холанѓаните уште во 7. минута преку Симонс, а израмни Кејн во 18. минута од пеналот досуден по сугестија на ВАР.