План за реконструкција на долговите на Македонска пошта и на МЖ-Транспорт и постигнување на нивна профитабилност, најави вицепремиерот за економски прашања и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. Тој кажа дека на ваков начин вработените во овие две државни акционерски друштва ќе можат редовно да земаат плата.
– Се работи за 4.400 вработени во овие три претпријатија. Мора да најдеме баланс каде што луѓето дома ќе носат плата и мора да е така, затоа што на крајот на денот сите имаат семејства и треба да живеат, но од друга страна, мора да има и продуктивност како тоа би се оправдало. Со планот што го имаме за нив очекуваме стабилна ситуација до крајот на годината и веќе од следната година да зборуваме за развој – најави Николоски.
Според него, недозволива е задолженоста на Македонска пошта и на МЖ- Транспорт и ги повика МВР и Обвинителство да истражат.
– Македонска пошта во моментов има отворен кредит кон една банка, кој, според мене, е лихварски и тоа моите претходници само го оставале. Со раководството на Пошта тој кредит ќе го репреговараме, затоа што е недозволиво, на тој начин се уништува претпријатието. Исто така, МЖ-Транспорт има позајмици од МЕПСО, кои, според мене, се направени да го оптоваруваат претпријатието. Зошто е тоа правено во минатото ќе си открие Обвинителството. Врз основа на ревизорските извештаи, кои ги достави ДЗР до мене, повикав полицијата и Обвинителството да го истражат – рече министерот Николоски пред обраќањето на трибината: „Развој како услов за опстанок на македонското градежништво”, во организација на Градежниот факултет.
На трибината беше посочено дека има





