Од вкупно 102.523 невработени, најмногу се оние кои најдолго чекаат вработување, односно период од пет до седум години, дознава Фактор повикувајки се на податоци од Агенцијата завработување.



Односно, дури 17.462 лица чекаат работа од пет до седум години, говорат податоците на Агенцијата.

Од нив, пак, поголемиот број се жени, односно над 10.000 кои и по пет до седум години не можат да го добијат посакуваното вработување.

А, има и такви што чекаат работа осум и повеќе години, и тие се еден позначаен број, односно 13.173 лица, но од нив помал дел се жени, и тоа 4.386 граѓанки.

Најмал е бројот на оние кои чекаат работа по еден месец, што е релативно краток период, и такви се 3.252 лица, пишпува Фактор.