Фудбалската репрезентација на Шпанија прва избори финале на Европското првенство во Германија со победата од 2:1 над Франција во Минхен.
Противник на „фуријата“ в недела во Берлин ќе ѝ биде подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Англија и Холандија утревечер од 21 часот.
Французите први дојдоа во водство преку Коло Муани, кој нафрлената топка од Мбапе со глава ја спроведе во шпанската мрежа.
Со прецизен надвор од шеснаесетникот во 25. минута израмни Јамал, кој со 16 години и 362 дена стана најмладиот стрелец на европските и на светските шампионати, а четири минути подоцна Олмо биеше силно кон голот на Мањон, а топката од Кунде се одби во голот.





