Спред најавите од кабинетот на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, што ја објави грчката национална телевизија ЕРТ , можна е средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
„На највисоко ниво на Самитот на НАТО, премиерот ќе го постави прашањето за провокативната реторика на политичкото раководство на Македонија, ќе се повика на Договорот од Преспа, кој не се почитува и пред се на прашањето за сложеното име „ерга омнес“. Тој ќе се фокусира на низа изјави кои се во спротивност со Договорот од Преспа.

Тој ќе нагласи и дека тоа што С. Македонија е во НАТО се должи и на договорот за кој гласаа двете држави.
- Иако нема закажан билатерален состанок со новиот премиер на Македонија, можно е тоa да се случи на маргините на Самитот на НАТО, се наведува во соошптението од агендата на Мицотакис во Вашингтон.
Мицотакис утре во Вашингтон ќе се сретне и со тускиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Нивниот состанок ќе се однесува на тоа како Грција ќе функционира како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН (2025-26), како и за кипарското прашање и работата на личниот претставник на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање, Марија Ангела Холгин. која на 10 јули ќе го достави својот извештај, по неодамнешната мисија на Кипар и разговорите што ги имаше со двете страни.
По завршувањето на работата на Самитот на НАТО, премиерот ќе замине во Њујорк, каде во петок ќе има средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, објави ЕРТ.





