Македонскo-кинеско пријателство: Во Пекинг се изучува македонскиот јазик

101 странски јазик, вклучувајќи ги рускиот, англискиот, францускиот, германскиот, шпанскиот, полскиот, јапонскиот, арапскиот, камбоџанскиот, лао, шведскиот, португалскиот, албанскиот, италијанскиот, хрватскиот, словенечкиот, грчкиот, српскиот…на престижниот Универзитет за странски студии – Пекинг, се изучува и македонскиот јазик.



„Лулка на дипломатијата“ како што се нарекува оваа значајна високо образовна институција, каде всушност, се изучуваат сите официјални јазици со кои Република Кина има дипломатски односи, секако, во насока за подобро да им служи на кинеските дипломатски напори, датира од почетокот на Втората Светска Војна од 1941 година, кога била основана група за учење руски јазик на Воено-политичкиот универзитет што и пркоси на јапонската окупација. По основањето на Народна Република Кина, школата била под управа на Министерството за надворешни работи сè до 1980 година, кога Институтот е директно управуван од Министерството за економија. Во 1994 година, го доби своето сегашно име, Универзитет за странски студии – Пекинг, кој денес нуди најголем број и европски јазици, дури 25, повеќе од кој било кинески универзитет, а студентите можат да изберат да учат англиски како втор јазик, но можат да учат и трет или четврти јазик.

„Лулка на демократијата“ – дом на повеќе од 9.500 студенти

За време на повеќемесечниот престој во Кина имавме шанса одблиску да ги видиме можностите и импресивната работа на Универзитетот, каде студираат повеќе од 9.500 млади луѓе, Кинези, како и повеќе од 1.200 интернационални студенти.Идните академски граѓани учат од врвни професори од Кина, нив ги има околу 1.300, како и 200 странски професори од 60-тина земји. Меѓу нив е и младата лекторка од Македонија, Рената Пенчова која е воодушевена од интересот за узучување на македонскиот јазик од страна на младите Кинези.

– Македонскиот е 101. Јазик во групата на странски јазици на Универзитетот за странски студии – Пекинг. Катедрата по македонски јазик е отворена практично годинава со заемна соработка помеѓу УКИМ и Универзитетот за странски студии во Пекинг. Меморандумот за соработка помеѓу двете високообразовни институции беше потпишан лани во декември со цел продолжување на културната размена на академски искуства, знаења и студенти. Двата универзитети сега работат на полето на науката, во заеднички интерес за промоција на македонскиот јазик, литература и култура. Воодушевува фактот што кај студентите постои навистина голем интерес да го изучуваат нашиот јазик и нашата култура, а освен тоа, тие се многу активни и во настаните кои ги организираме од Катедрата. Еден од нив беше и настанот во македонската амбасада во Пекинг по повод големиот празник посветен на словенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј. Потоа следуваа и предавања на Универзитетот за економија и право – Жонгнан во Вухан.

Целиот текст прочитајте го тука.